Најавете се преку Facebook/ Google
Немате корисничка сметка? Регистрирајте се сега!

Политика на приватност

Услови

Ја цениме довербата на нашите клиенти кои ја користат платформата Hello CashbackTM и ја создадовме оваа Политика за приватност за да им дадеме на нашите клиенти безбедност и заштита на нивните лични податоци. Ќе бидеме јасни и транспарентни за информациите што ги собираме и што ќе правиме со тие информации.

Оваа Политика за приватност утврдува кои лични податоци се собираат и обработуваат како резултат на вашата употреба на оваа веб-страна; од каде се земени овие податоци; како се обработуваат овие податоци; како се чуваат овие податоци.

Дефиниции

SMARTLINE Sagl – сопственик на веб-страната dinerscashback.mk – е „контролор на податоци“ на сите лични податоци собрани во рамките на оваа веб-страна.

Веб-страна – е веб страната на Hello CashbackTM програмата кон која може да се пристапи преку следниов линк:dinerscashback.mk.

Платформа – значи веб страната на која Услугата е достапна. Таа е во сопственост, контролирана, управувана, одржувана и/или хостирана од SMARTLINE Sagl и е достапна на dinerscashback.mk.

Услуги – резервации и/или купување услуги од Партнерите, претставени преку соодветните линкови наведени на Платформата.

Трети лица – страни кои обезбедуваат услуги на клиентите (сопственици на картички/корисници). Доколку резервирате услуга понудена од трето лице (како хотелска соба), во рамките на условите за користење, заштитата на вашите лични податоци е контролирана од политиката за приватност на третото лице.

Клиент (сопственик на картичка/корисник) – лице кое има најмалку 18 години или повеќе и кое легално ја користи платформата.

Лични податоци – сите информации што ни овозможуваат да ве идентификуваме, на пример, вашето име, контакт информации, број на регистрација на резервација и информации за вашиот пристап и користење на веб-страницата dinerscashback.mk.

Какви лични информации се собираат?

За време на процесот на регистрација на веб-страницата dinerscashback.mk за последователни акумулации на враќање на готовина и за идна употреба на финкционалностите на веб-страната, се собираат следните податоци:

  • Име
  • Презиме
  • Електронска пошта
  • Број на кредитна картичка и датум на истек
  • Број на резервација
  • Локација, вклучувајќи географска локација во реално време на компјутерот или уредот преку GPS, Bluetooth и IP адреса, во случај на користење на функции засновани на локација и овозможување поставки за локација на употребениот уред и/или компјутер

Зошто и колку долго се користат личните податоци?

Ги собираме вашите лични податоци за да ги обезбедиме бараните услуги: ги користиме информациите што ги добиваме за да ги следиме вашите резервации/купувања, за акумулации за враќање на готовина и за да ви дадеме информации за статусот на акумулациите.

Комуникации за услуги на клиентите: ги користиме вашите податоци за да управуваме со нашиот однос кон нашите клиенти со цел да ги подобриме нашите услуги и да го подобриме вашето искуство со нас.

Маркетинг цели: периодично податоците ќе се користат за да ве контактираме преку е-пошта во врска со нашите промоции.

Можете да побарате од нас да ги избришеме вашите лични податоци со испраќање е-пошта на privacy@dinerscashback.mk. Ваквите барања ќе бидат обработени само доколку на вашата е-пошта е прикачена копија од вашиот пасош или валидна лична карта, што ни помага да го потврдиме вашиот идентитет. Во рок од 30 дена од вашето барање, ќе ги избришеме вашите податоци и ќе ве информираме кога процесот ќе биде финализиран. Копијата од вашиот пасош или валидна лична карта ќе биде уништена откако ќе го обработиме вашето барање.

Ве молиме имајте предвид дека се обврзуваме да ги избришеме податоците каде што ова право сте го искористиле и, следствено, повеќе нема да има правна основа за бработка, но некои збирки на лични податоци е невозможно да се уредат или отстранат (на пр. резервна копија на серверот или микрофиш).

Безбедност на вашите лични податоци

Воведени се строги безбедносни процедури за складирање за да се спречи откривање на вашите лични податоци и да се заштитат од случајно губење, уништување или оштетување. Податоците што ги давате се заштитени со технологијата SSL (Secure Socket Layer). SSL е индустриски стандарден метод за шифрирање на личните информации и деталите за кредитната картичка за да можат безбедно да се обработуваат на Интернет.

Сите детали за картичката се зачувани во согласност со Стандарди за безбедност на податоците на индустријата за платежни картички (PCI DSS).

Промени на политиката за приватност

Нашата политика за приватност може повремено да се промени. Ќе бидете известени за таквите промени преку електронска пошта или преку известување на нашата веб страна.

Политика за колачиња

Датотеките со колачиња се користат за прилагодување на содржината на веб-страните според вашите преференци и за оптимизирање на користењето на веб-страните; особено, овие датотеки ни овозможуваат да го идентификуваме вашиот уред и правилно да ја прикажеме веб-страната (прилагодена на вашите лични потреби); да креираме статистика која ни помага да разбереме како корисниците ја користат нашата веб-страна со цел да ја подобриме нејзината структура, содржина и поддршка за корисничките сесии (откако ќе се најавите), така што нема да морате да го повторувате вашето најавување и лозинка на секоја страница од веб-страната.

Колачињата автоматски се преземаат и содржат информации за веб-страната од која корисникот го следел линкот до dinerscashback.mk, информации за интернет-врската на корисникот, IP адресата, локацијата (земја, регион, град), тип на прелистувач, резолуција на екранот на компјутерот и други спецификации.

Доколку корисникот пристапи на веб-страната преку линк на пребарувачот, исто така ќе се собират информации за клучните зборови кои корисникот ги внел во пребарувачот за да ја пронајде и пристапи нашата веб-страна.

Веб-страната користи два вида колачиња: колачиња за сесија и трајни колачиња. Колачињата за сесија се креираат привремено и се складираат на уредот на корисникот само додека корисникот е на одредена веб-страна и се отстрануваат откако корисникот ќе ја напушти сметката или ќе го затвори прелистувачот.

Трајните колачиња постојано се складираат на уредот на корисникот и се активираат кога корисникот повторно ќе ја посети веб-страната што ги создала овие колачиња. Секое трајно колаче останува на уредот за времето одредено во поставките за колачиња или додека не биде рачно избришано од Корисникот преку менито на прелистувачот или директно од системска папка каде што колачињата се зачувани од прелистувачот.