Услови на користење
1. Општи одредби
1.1 Сопственик на веб-страната dinerscashback.mk е Smartline GmbH, Kohlmarkt 16/21, 1010, Vienna, Austria. Овие услови се од суштинско значење за користење на dinerscashback.mk и за да се одредат правата и одговорностите на неговите Корисници.
1.2 Секој што ќе се регистрира и учествува во Hello CashbackTM програмата преку веб- страната мора да биде запознаен со Условите на користење и обработката на лични податоци, и да ги прифати.
1.3 Учеството во програмата е бесплатно и е отворено само за физички лица (за цели на лично користење). Правни лица не е дозволено да учествуваат во Програмата.
1.4 Само физички лица кои имаат 18 години и повеќе во моментот на регистрација.
1.5 Во случај на резервација на хотел, регистрираното корисничко име и името на лицето кое ја прави резервацијата треба да бидат идентични.
1.6 Вработените (вклучувајќи ги и поранешнте вработени) кај сопственикот на веб страната и SMARTLINE GROUP компаниите не може да бидат Клиенти (корисници) на веб страната.
2. Дефинции
Веб-страна – е веб страната на Hello CashbackTM програмата кон која може да се пристапи преку следниов линк: www.dinerscashback.mk.
Платформа – значи веб страната на која Услугата е достапна. Таа е во сопственост, контролирана, управувана, одржувана и/или хостирана од SMARTLINE Sagl и е достапна на dinerscashback.mk.
Клиент (сопственик на картичка/корисник) – лице кое има најмалку 18 години или повеќе и кое легално ја користи платформата.
Партнер – правно лице чии услуги се достапни на Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) преку соодветните линкови наведени на Платформата.
Услуги – резервации и/или купување услуги на Партнерите, претставени преку соодветните линкови наведени на Платформата.
Резервација – резервација на соба во хотел, на авио билет, изнајмување на автомобил направено од Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) на веб-страната на Партнерот преку линкот наведен на dinerscashback.mk.
Купување – купување на стоки/услуги направени од страна на Клиентот (сопственик на картичка/корисник) на веб-страната на Партнерот преку линкот наведен на dinerscashback.mk.
Квалификувана резервација/купување – резервација на услуга/купување направено од страна на Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) преку веб-страната на партнерот само преку Hello CashbackTM платформата dinerscashback.mk, која ги исполнува сите барања дефинирани и опишани во одредбата 4 од овие Услови за користење на услуги.
Поврат на готовина (Cashback/кешбек) – враќање на дел од парите кои ги потрошил Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) за резервирање услуги или купување. Износот се пресметува во согласност со процентот наведен посебно за секој партнер на платформата.
Виртуелна Сметка – е сметка на клиентот (сопственик на картичка/корисник) во неговата Лична Сметка на платформата dinerscashback.mk, која евидентира акумулации за враќање на готовина и ја прикажува моменталната состојба.
Регистрација – се однесува на клиентот (сопственик на картичка/корисник) кој ја врши следнава постапка: Пополнување на формуларот за регистрација на веб-страната со цел да креира Лична сметка и да добие поврат на готовина (кешбек) по прифаќањето на Условите за користење и Политиката на приватност.
Лична сметка – е сметка креирана преку Платформата лоцирана на официјалната веб-страна dinerscashback.mk.
3. Главни услови на користење на веб страната
3.1. За да добие поврат на готовина, Клиентот (сопственик на картичка/корисник) треба да креира лична сметка преку процесот за регистрација на веб-страната.
3.2. По завршувањето на процесот за регистрација, автоматски ќе се креира сметка за Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) со внатрешна виртуелна сметка на која ќе се исплати поврат на готовина откако ќе се изврши квалификувана резервација / купување од страна на Клиентот (на сопственикот на картичката/корисникот) преку линк на платформата и потврда од релевантниот партнер за трансакција.
3.3. Само оние кои се согласиле со Политиката на приватност и Условите за користење на услуги за време на процесот на регистрација можат да бидат регистрирани како клиенти (сопственици/корисници на картички) на веб-страната и на тој начин да добиваат поврат на готовина.
3.4. Сопственикот на веб-страната го задржува правото да не исплаќа поврат на готовина и исто така да ја блокира Личната сметка на Клиентот (сопственикот на картичката/корисникот) во случај на намерно сериозно прекршување на овие Услови на користење на услуги и во случај на разумно сомневање за активности поврзани со измама.
3.5. Овие Услови за користење на услуги го сочинуваат единствениот постоечки договор помеѓу сопственикот на веб-страната и Клиентот (сопственик на картичка/корисник). Со прифаќање на овие Услови за користење на услуги, Клиентот (Сопственик на картичка/Корисникот) доброволно, безусловно и целосно ги прифаќа овие Услови за користење на услуги.
3.6. Согласноста на Клиентот (на сопственикот на картичката/корисникот) се дава со давање на лични податоци како име, презиме, PAN, датум на истекување на картичката, телефонски број и електронска-пошта.
3.7. За да избришете Лична сметка, Клиентот (сопственик на картичка/корисник) мора да контактира со Поддршката за корисници преку електронска пошта наведена во одредбата 5 од овие Услови за користење на услуги. Во случај на бришење на Лична сметка, позитивното салдо на Виртуелната сметка, доколку не било искористено пред отстранувањето на Личниот кабинет, се откажува и не може да се врати.
3.8. Клиент (корисник) не може да создаде повеќе од една лична сметка на платформите Hello CashbackTM користејќи ја истата е-пошта за регистрација. Во случај да се најдат две или повеќе сметки со иста е-пошта, дупликатите ќе се избришат.
4. Правила и услови за добивање поврат на готовина
4.1. Сопственикот на веб-страната ќе исплати поврат на готовина за резервации/купувања направени од Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) на кредитната картичка назначена од Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) кога ќе се активира командата за враќање на готовина во согласност со условите опишани во одредбите од 4.1 до 4.11 подолу.
4.2. Резервациите/купувањата мора да се направат преку соодветниот линк на dinerscashback.mk со цел да се квалификуваат за враќање на готовина. Ваквите резервации/купувања се дефинирани како Квалификувани резервации/купувања.
4.3. Резервациите направени директно преку веб-страните на Партнерот не се квалификуваат за враќање на готовина.
4.4. За да го добие повратот на готовина, Клиентот (сопственик на картичка/корисник) мора да создаде лична сметка преку веб-страната, да се согласи со Политиката на приватност и овие Услови за користење на услуги.
4.5. За да добие поврат на готовина, Клиентот (корисникот) мора да внесе телефонски број што одговара на бројот во Личната сметка, кога нарачува услуга или производ на веб-страната на Партнерот. Во случај на давање друг број, повратот на готовина нема да се прикаже на Личната сметка и нема да се кредитира на Клиентот (Корисникот).
4.6. Повратот на готовина нема да се акумулира во случај резервацијата/купувањето да биде откажано или доколку Клиентот (сопственикот на картичката/корисникот) не се појави, дури и доколку Партнерот му наплаќа на Клиентот (сопственикот на картичката/корисникот) според политиката за откажување на Партнерот.
4.7. Платениот износ на поврат на готовина ќе биде прикажан во ЕУР на личната сметка на Клиентот (на сопственикот на картичката/корисникот) во рамките на условите наведени во овие Услови за користење на услуги.
4.8. Износот на повратот се пресметува врз основа на вредноста на резервацијата/купувањето и не вклучува други трошоци како што се даноци, услуги, услуга во соба, сметка во ресторан, мини бар, спа и сл.
4.9. Износот на повратот е непренослив и не може да се замени за пари или други производи и услуги.
4.10. Повратот ќе се акумулира веднаш откако партнерот ќе го потврди фактот за успешно купување/резервација, без дополнителниот период на чекање од програмата Hello CashbackTM.
4.11. Минималниот износ за исплата е 5 ЕУР. Надоместокот за повлекување не се применува од услугата Hello CashbackTM, но може да биде наплатен од страна на вашата банка или платежниот систем.
4.12. Во случај сопственикот на веб-страната да е информиран од страна на Партнерот за поврат на готовина за (наводна) измамна резервација/купување или ако партнерот има било какви причини да верува дека релевантната резервација/купување може да е некако поврзана со лажна резервација, сопственикот на Веб-страната има право да не плаќа поврат на готовина за таква резервација/купување. Доколку постои причина за сомневање за лажна резервација/купување, сопственикот на веб-страната на сопствена дискреција има право да побара од Клиентот (сопственикот на картичката/корисникот) валидација преку е-пошта која содржи број на резервации и пин-код и други потребни податоци.
4.13. Сопственикот на веб страната ја прави конечната одлука во врска со исплатата на поврат на готовина на Клиентот (носителот на картичката/ корисникот).
5. Поддршка на корисници
Поддршка за корисници е гарантирана од страна на носителот на веб страната преку електронска пошта: contact@dinerscashback.mk. Одговори на барањата ќе бидат обезбедени во ток 72 часа од прием (со исклучок на државни празници, сабота и недела).
6. Завршни одредби
6.1. Со резервирање на услугите на Партнерот или купување на стоки на Партнерот користејќи го релевантниот линк на веб-страната, Клиентот (сопственикот на картичката/корисникот) се согласува со овие Услови за користење на услуги.
6.2. Прекршувањето на правилата што ги сочинуваат овие Услови за користење на услуги ќе резултира со одбивање да се исплати поврат на готовина.
6.3. Сопственикот на веб-страната не е одговорен доколку повратот на готовина не му се акумулира на Клиентот (сопственик на картичка/корисник) од причини зависни од Клиентот (сопственик на картичка/корисник).
6.4. Сопственикот на веб-страната не е одговорен за одложената потврда на трансакцијата од страна на Партнерот, што може да резултира со одложување на исплатата на поврат на готовина на виртуелната сметка на Клиентот (сопственикот на картичката/корисникот) во Личната сметка.
6.5. Сопственикот на веб-страната го задржува правото да вклучи трети страни за да му ги обезбеди на Клиентот (Сопственик на картичка/Корисник) услугите опишани во овие Услови на користење на услуги.
6.6. SMARTLINE Sagl (сопственикот на веб-страната) го задржува правото да ги измени овие Услови на користење на услуги целосно или делумно во секое време. Клиентот (сопственикот на картичката/корисникот) ќе биде известен за таквите промени преку е-пошта или известување поставено на веб-страната.
6.7. Регистрираните Клиенти (сопственици/корисници на картички) се обврзани со Правилата и условите на Партнерите чии линкови се поставени на Платформата dinerscashback.mk и со Условите за користење на услуги на програмата Hello CashbackTM.
6.8. Веб-страната содржи поврзани линкови. Кога Клиентот ќе кликне на поврзан линк и ќе направи купување, сопственикот на веб-страната добива награда од партнерот.
6.9. Овие услови на користење се преведени на повеќе јазици. Ви случај на било какво несовпаѓање ќе преовлада верзијата на англиски јазик.